Јави се сега  +389 23 072 016  Сподели на Фејсбук 

ОГЛАСНА ТАБЛА

НОВО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РОДИТЕЛИТЕ
Претходно издадените потврди од градинките продолжуваат да важат се до завршување на вонредната состојба, односно нема потреба од издавање на нови.
Со почит,
ЈУОДГ,,Орце Николов"

Почитувани родители,
Согласно усвоените нови мерки на Владата на РСМ во кои се препорачува да се организира работата на установата во зависност од типот и можностите,  се приклучуваме во споделување на  воспитни содржини кои се дел од Програмата за работа на самата градинка за 2019/2020. За таа цел Градинка „Орце Николов“
ќе споделува воспитно образовни активности по возрасни групи секојдневно.
Ве известуваме дека од 23.03.2020 година ќе можете да ги следите нашите  предлог активности. Активностите - Насоките можете да ги следите на нашата страна каде ќе бидат конкретно објаснети.
Целта е да го продолжиме воспитно – образовниот процес,  а воедно и Родителите ќе можат преку игра со своите дечиња да ги реализираат активностите во домашна атмосфера.
Со почит

За децата од предучилишна возраст!
#СедетеДома и едуцирајте се и во вакви вонредни околности, во домашни услови.
Погледнете ја оваа листа на бесплатни и слободни за користење дигитални платформи, апликации и содржини што може да бидат корисни за вашето дете
Бесплатни дигитални алатки за поддршка на учење од далечина

ПОЧИТУВАНИ РОДИТЕЛИ !
Ве известуваме дека една од мерките и активностите од Владата на РСМ за превенција од штитење на болеста COVID- 19 (корона вирус)
е воведување на РОТАЦИОНИ ДЕЖУРСТВА во воспитно- образовните институции.
Работно време за сите воспитно-образовни институции на територија на Општина Карпош е секој работен ден
од 09.00 – 12.00 часот.
Потврдите за редовно посетување на предучилишна установа се издаваат во градинката, а може да се издаваат и по електронски пат.
(барање од родител по е-маил)
  • Име и презиме на родителот на кого ќе гласи потврдата,
  • Матичен број на родителот
  • Име и презиме на детето,
  • Кој објект го посетува детето и
  • во која возрасна група е детето.
  • e-mail на градинката : gradinka_orcenikolov@yahoo.com
Телефони за контакт: мобилен/фиксен
1. Надица Гировска: 075 427 100
2. Наташа Тодоровска: .072 255 303

Ваша , Општина Карпош

Отсуствата од работа ќе се докажуваат со потврди кои ќе ги издаваат градинките и основните училишта,
на име на родителот корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години,
во кои ќе биде наведен и временскиот период за кој  се однесува.
Истите ќе треба да се достават до секторот за управување со човечки ресурси
или раководителот/директорот на институцијата/компанијата во која работи, до терминот за пресметка на следната плата.

Почитувани родители и соработници,
ЈОУДГ „Орце Николов " - Карпош
Ве известува дека од 11.03.2020 година (среда)  ќе го прекине воспитно- образовниот процес, како дел од мерките и активностите за превенција од ширењето на корона вирус.
Мерката е со траење од 14 дена, согласно со Одлуката на Владата на РСМ, а по препорака на комисијата за заразни болести.
Со почит,
Директор Надица Гировска