Известување за новогодишен базар за родители

Известување за новогодишен базар за родители

Почитувани родители,

По повод новогодишните празници во дворот на градинката ќе се одржи Новогодишен базар, кој традиционално го организираме со цел собраните средства да ги донираме на оние кои им се најпотребни.

Поради актуелната ситуација со ковид 19 и протоколите оваа година настанот ќе биде поинаку организиран. Во текот на целиот ден (при прием и земање на децата) ќе можете да ги погледнете изложените изработки на поставените штандови во дворот на објектите и да земете учество.

#Дабидемехумани

Ви благодариме,

ЈУОДГ „Орце Николов” Карпош, Скопје