Нови мерки на Владата на РСМ

Нови мерки на Владата на РСМ

Почитувани родители,
Согласно усвоените нови мерки на Владата на РСМ во кои се препорачува да се организира работата на установата во зависност од типот и можностите,  се приклучуваме во споделување на  воспитни содржини кои се дел од Програмата за работа на самата градинка за 2019/2020. За таа цел Градинка „Орце Николов“
ќе споделува воспитно образовни активности по возрасни групи секојдневно.
Ве известуваме дека од 23.03.2020 година ќе можете да ги следите нашите  предлог активности. Активностите - Насоките можете да ги следите на нашата страна каде ќе бидат конкретно објаснети.
Целта е да го продолжиме воспитно – образовниот процес,  а воедно и Родителите ќе можат преку игра со своите дечиња да ги реализираат активностите во домашна атмосфера.
Со почит