Јави се сега  +389 23 072 016  Сподели на Фејсбук 

Здраво другарчиња

Здраво другарчиња и почитувани родители!
Ве известуваме дека нашата градинка утре започнува со работа по период од долго отсуство од заедничко дружење, учење, воспитување и играње. Време е повторно да сме во Нашата градинка, која вратите ширум ги отвара за Вас и за нас како вработени...

 


Протоколи и мерки за заштита од COVID-19

Известување,
Почитувани родители ве известуваме дека нашата градинка постапува според протоколите и мерките за заштита од COVID-19. Доколку имате потреба за згрижување на децата во градинка треба да доставите потврди од вашиот работодавец за двајцата родители дека работните задачи задолжително мора да ги извршувате на вашето работно место, без можност за работа од дома...

За операторите со храна во предучилишните установи - градинките

Потврди од градинките продолжуваат да важат

НОВО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РОДИТЕЛИТЕ
Претходно издадените потврди од градинките продолжуваат да важат се до завршување на вонредната состојба, односно нема потреба од издавање на нови.
Со почит,
ЈУОДГ,,Орце Николов"

Нови мерки на Владата на РСМ

Почитувани родители,
Согласно усвоените нови мерки на Владата на РСМ во кои се препорачува да се организира работата на установата во зависност од типот и можностите,  се приклучуваме во споделување на  воспитни содржини кои се дел од Програмата за работа на самата градинка за 2019/2020. За таа цел Градинка „Орце Николов“
ќе споделува воспитно образовни активности по возрасни групи секојдневно.
Ве известуваме дека од 23.03.2020 година ќе можете да ги следите нашите  предлог активности. Активностите - Насоките можете да ги следите на нашата страна каде ќе бидат конкретно објаснети.
Целта е да го продолжиме воспитно – образовниот процес,  а воедно и Родителите ќе можат преку игра со своите дечиња да ги реализираат активностите во домашна атмосфера.
Со почит

За децата од предучилишна возраст!

#СедетеДома и едуцирајте се и во вакви вонредни околности, во домашни услови.
Погледнете ја оваа листа на бесплатни и слободни за користење дигитални платформи, апликации и содржини што може да бидат корисни за вашето дете
Бесплатни дигитални алатки за поддршка на учење од далечина

Mерките и активностите

ПОЧИТУВАНИ РОДИТЕЛИ !
Ве известуваме дека една од мерките и активностите од Владата на РСМ за превенција од штитење на болеста COVID- 19 (корона вирус)
е воведување на РОТАЦИОНИ ДЕЖУРСТВА во воспитно- образовните институции.
Работно време за сите воспитно-образовни институции на територија на Општина Карпош е секој работен ден
од 09.00 – 12.00 часот.
Потврдите за редовно посетување на предучилишна установа се издаваат во градинката, а може да се издаваат и по електронски пат.
(барање од родител по е-маил)
  • Име и презиме на родителот на кого ќе гласи потврдата,
  • Матичен број на родителот
  • Име и презиме на детето,
  • Кој објект го посетува детето и
  • во која возрасна група е детето.
  • e-mail на градинката : gradinka_orcenikolov@yahoo.com
Телефони за контакт: мобилен/фиксен
1. Надица Гировска: 075 427 100
2. Наташа Тодоровска: .072 255 303

Ваша , Општина Карпош

Страници