Прваче ќе бидам јас! К-3

Брзо помина времето, градинката ги испраќа своите дечиња од групата Лавчиња од објектот Карпош 3 со огромна љубов и желби за сите нив. Весело и безгрижно детство да имаат, љубов во срцата и надеж за секој, другарството да остане силно, сите да си се сакаат милно.
„Многу дни пребродивме ние,
како чун на немирно море,
насмеј се на ветрот што бие,
љуби ме и главата горе...“