Дивите животни во нашата земја

Почитувани,
Нашата градинка од ноември 2020 до мај 2021 година спроведе пет интерни проекти:
1. Дивите животни во Република Северна Македонија и Рисот – национален симбол на РСМ;
2. Минатото, сегашноста, иднината - Праисториски животни и диносауруси;
3. Четири годишни времиња - Една приказна;
4. Откриваме, истражуваме, твориме и учиме - работа со природни материјали;
5. Мали, ама важни – инсекти.

Низ проектите децата преку интересни и креативни активности организирани и планирани од воспитниот тим се стекнаа и ги проширија своите знаења, ги збогатија своите искуства, а пред се на еден забавен начин се стимулираше нивниот позитивен развој.
Во текот на престојниот период на нашата веб и фб страна ќе се постираат презентации од реализираните интерни проекти.

Со почит,
ЈУОДГ „Орце Николов“ Карпош