Работилница со воспитниот тим

Стручното усовршување на воспитниот тим од нашата градинка постојано се надоградува. Оваа недела тие учествуваа на работилница на тема „Превентивна програма за работа со деца во градинки за надминување на последиците од разводот на родителите“. Работилницата ја одржаа Професор Др. Драгана Батиќ од Факултетот за безбедност и Педагог Ања Апчева од ЈУ Мегуопштински центар за социјална работа на Град Скопје, во рамки на проект одобрен од општина Карпош.