Денот на Европа К-3

Во земјите на Европската Унија на 9ти Мај се одбележува Денот на Европа. Институциите на ЕУ традиционално на 9ти Мај ги отвораат вратите за граѓаните, а претставништвата на ЕУ ширум светот организираат различни активности и собири наменети за граѓаните, како што се дебати, концерти и посети. Децата од нашата градинка го одбележаа овој ден и ја поздравуваат Европа.