Подај рака - донирај за својот сосед

Нашата градинка заедно со родителите се приклучи во хуманитарната акција „Подај рака - донирај за својот сосед“ традиционално организирана од Општина Карпош за семејствата во потешка материјална состојба.

Голема благодарност до сите родители кои учествуваа во акцијата со донирање на прехрамбени и хигиенски производи.