Меѓународен семинар

Успешно реализиран меѓународен семинар „Помогнете ми да го направам тоа сам“ акредитиран од Институтот за образование на Црна Гора. Семинарот беше одржан од организаторите Лилјана Релјиќ, воспитувач и Ивана Дурутовиќ, директор на ПУ „Светионик“, Бар, Црна Гора. Два дена на интересно, креативно и успешно дружење на воспитниот тим на нашата градинка заедно со учесници од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, преку ZOOM платформата. Семинарот беше со цел на подобрување на квалитетот на учењето и развојот на децата преку рачно изработени дидактички материјали.