Дур ветрот вие, во шумата кој се крие

Преку интересни и забавни активности во рамките на проектот „Годишни времиња“ децата од групата Пеперутки од објектот Карпош 2 во месеците јануари и февруари имаа за цел:
- Да развиваат способности за распознавање на основните својства на одредени природни елементи, појави и географски поими од опкружувањето;
- Да поттикнуваат способности за користење на истражувањето и набљудувањето за осознавање и учење;
- Да развијат способности за самостојно, тандемско и колективно ликовно творење.