Скокни, скокни скакулче!

Во рамките на проектот „Мали ама важни-инсекти„ децата од групата Буба Мара, објект Карпош 4, во месец февруари се запознаа со гасеницата и скакулецот. Различните активности се спроведоа со цел:
- Да се научат нови работи и да стекнат нови искуства;
- Да демонстрираат интерес за учество во разни форми на визуелна креативност;
- Да се движат координирано, со цел;
- Да демонстрираат знаење за количина, бројки и броење.