Пеперутки шаренокрили, вредни мравчиња и пчелки

Во рамките на проектот „Мали ама важни-инсекти“ децата од групата Буба Мара, објект Карпош 4, во периодот од месецот јануари се запознаа со пеперутките, мравките и пчелките. Различните активности се спроведоа со цел:
- Да се развива потребата од поставување прашања со цел да се добие објаснување за нештата што не се јасни;
- Да се поттикне интересот кон моделирање/изработување на посложени форми;
- Да се поттикне интересот кон танцување;
- Да се воведува во активно слушање со разбирање на говорот кај другите;
- Да се развива вештината на движење на прстите и дланката за конкретна цел;
- Да се оспособи за творештво со различни ликовни и неликовни творечки материјали;
- Да се оспособи за опсервација и слушање според доживувањата низ музичките активности;
- Да се поттикнува на правилна артикулација и дискриминација.