Здраво срце, среќно срце

Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 21 до 28 февруари 2021 година ја одбележа Неделата за борба против срцевосадовите заболувања под мотото „Здраво срце, среќно срце“. По тој повод нашата градинка преку презентација „Превенција од кардиоваскуларни болести“ се вклучи активно во превентивната здравствена заштита и допринесе за подигнување на јавната свест за оваа болест.