Пештерата на Баба Меца

Преку ликовната игра „Пештерата на Баба Меца“ и интересните активности во рамките на проектот „Дивите животни во Република Северна Македонија - Рисот како национален симбол“ децата од групата Мечиња објект Карпош 2 се оспособуваа за препознавање и класификација на животните според местото и условите на живеење, карактеристиките, ползата од нив, како и начините за безбедно однесување.