Боенка со диносауруси

Во рамките на проектот: „Праисториските животни во Република Северна Македонија и диносаурусите“ децата од групата Пчелки се запознаа со изгледот, името и начинот на исхрана на диносаурсите разгледувајќи сликовници и енциклопедии, за да потоа изработат боенка со диносауруси. Целта на активноста е децата да развиваат интерес, љубов и потреба за разгледување на сликовница и да откриваат нови сознанија, како и да се стекнат ликовни вештини за контрола и координација на движењата на раката.