Есенска сеидба

Денес нашите другарчиња од групата Јаболчиња денот го поминаа со креативна и едукативна активност во дворот на градинката. Со голема заинтересираност учествуваа и го запознаа процесот на садење, а забавата продолжи со собирање на листови и уредување на дворот.