Работа со природен материјал

Во рамките на проектот: “Откриваме, истражуваме, твориме и учиме” - Работа со природен материјал големата група од нашата градинка реализираа интересни активности на тема: “Боите на есента“, “Дрвото низ годишните времиња“ и “Листопадни и зимзелени дрвја“. Целите на активностите беа децата да стекнат знаења за средината и опкружувањето преку конкретно набљудување и манипулирање, да се оспособат за препознавање и вербално искажување на карактеристиките на годишните времиња и да ги именуваат и препознаваат даровите од природата.