Активности за крајот на месецот

Почитувани родители,

Имавме недела исполнета со активности каде што децата работеа на изразување и препознавање на емоциите, моќта на насмевката, како и одбележување на Денот на јаболкото. Крајот на овој месец е планиран за активности со кои децата ќе се запознаат со сетилата и промените во природата, а на 30ти Октомври ќе се одбележи Светскиот ден на штедењето.