Човекот како општествено суштество

Децата од објектот Карпош 3 преку најразлични дневни активности и игри се запознаа со човекот како општествено суштество и неговото тело. Играа: „Јас сум мало човече“, „Мојот портрет“, и „Игри пред огледало“. Исто така имаа опис на другарчето одредувајќи ги сличностите и разликите помеѓу нив преку играта „Како изгледам јас, а како ти?“.