Завршна презентација од истражувањето на Проектот Еразмус +

Претставници од нашата градинка  Ј.У.О.Д.Г „Орце Николов“  присуствуваа на презентација од резултатите на истражувањето од Проектот Еразмус+: „Развој на писменоста и учењето на јазикот за учениците од рана возраст во неповолна положба“. Проектот беше реализиран во соработка на Педагошкиот  факултет - Скопје со Учителски факултет - Загреб, Универзитетот во Марибор и основното училиште „Иван Гундулиќ“ од Загреб. Настанот се одржа на 17.09.2020 во просториите на Педагошкиот факултет.