Менаџирање со човечките ресурси во градинка - Работилница
Градинката “Орце Николов“ беше домаќин на работилницата “Менаџирање со човечките ресурси во градинка - Работно воведување на нововработен (приправник) во градинка“, во која земаа учество дел од вработените во нашата градинка. Обуката беше организирана од“ Коучинг-Н“ - Друштво за консалтинг и услуги, а предавач беше М-р Весна Терзиоска.