Детски ликовен хепенинг 2019

Во пресрет на одбележување на "Денови на општина Карпош" по повод роденденот на општината, се одржа "Детски ликовен хепенинг" во "Детскиот ликовен центар - Скопје". Учествуваше и нашата градинка со креативни цртежи на деца од воспитната група 5-6 години на тема "Карпош низ детските видувања", предводени од ликовниот педагог и воспитувачот на групата. Прекрасно поминат ден исполнет со многу забава и дружење на децата.