Меѓународниот натпревар „КРЕФ 2019“

ЈУОДГ„Орце Николов“-Карпош, Скопје  освои две награди на Меѓународниот натпревар „КРЕФ 2019“

 Од 3-5 октомври во Лесковац, Србија, по четврти пат се одржа акредитираниот меѓународен натпревар на креативни едукативни филмови „КРЕФ 2019“ на кој имаше претставници од Р. Србија, Р. Црна Гора, Р. Босна и Херцеговина и Р.С. Македонија.

На овој фестивал градинката„Орце Николов“-Карпош,  учествуваше по прв пат, со два едукативни филмови чии ментори беа воспитувачките Суза Ангелевска и Наташа Тодоровска.

Филмот „Рецепт за пријателство“  изработен од воспитувачката Суза Ангелевска освои Специјална награда за надминати достигнувања во категорија „Едукативен филм“, а воедно освои награда и градинката. Филмот е поучна приказна која содржи и различни видови на задачи за развој на клучните когнитивни способности, перцепцијата, меморијата, критичкото мислење, креативноста и моторните вештини како и јазични и социо-емоционални способности на децата.

Вториот филм „Сонот за блескава насмевка “ изработен од воспитувачката Наташа Тодоровска го освои второто место во категорија „Образовни ресурси “ во кој децата  преку мала едукативна претстава  испратиja  порака како може преку игра и забава да ги чуваат и негуваат своите запчиња за да бидат здрави.