Јави се сега  +389 23 072 016  Сподели на Фејсбук 

Денот на шегата го разубави Карпош

По повод Денот на шегата – 1 април, денеска се одржаа дефилеа на маски во градинките и основните училишта на територијата на Општина Карпош. Најмалите карпошани од градинките и основците се претставија пред своите родители и присутните гости преправени во принцези, самовили, пчелички, бубамари и суперхероите спајдермени, бетмени, супермени, пирати...
Традиционално, секоја година градинката „Орце Николов“, организира првоаприлски маскенбал, на којшто годинава гости беа првоодделенците од основните училишта кои се во непосредна близина на трите клона на оваа градинка во населбите Карпош 4, Карпош 3 и Карпош 2.
Пролетното  сончево време, дополнително продонесе децата од градинките и училиштата во Карпош, со пригодни песнички, добро да се забавуваат и да уживаат во овој топол и шеговит ден.