Јави се сега  +389 23 072 016  Сподели на Фејсбук 

Инклузија на деца со посебни потреби

Проектот „Инклузија на деца со посебни потреби“ се реализира од 2000-та година, а последните години тој е интегриран во постојната програма. Целта на овој проект е вклучување на деца со посебни потреби во Градинката, создавање на атмосфера и услови за интегрирање на децата во воспитните групи, како и градење на доверба со родителите и семејствата, социјално прифаќање на децата со посебни потреби од страна на другарчињата, врсниците и пошироко од средината и настојување децата, но и возрасните да се здобијат со дел од општествените вредности а тоа се: хуманост, грижа, одговорност, почит на различностите итн.