Проект „Екологија со Еко-Опоменко и Еколина“

Групата Бубамари од објект Карпош 3 во склоп на проектот „Екологија со Еко-Опоменко и Еколина“ формираа ЕКО клуб „Млади екологисти“ и се запознаа со ликовите Еко-Опоменко и Еколина. Целта на проектот е зајакнување на еколошката едукација и развивање на еколошката култура кај децата.
Додека пак во соработка со родителот Сања Јовановска од НЛБ Тутунска банка,заедно со Штуки и Тиби, децата научија како да штедат и да ја спасат Планетата Земја.