Јави се сега  +389 23 072 016  Сподели на Фејсбук 

Здраво другарчиња и почитувани родители!
Ве известуваме дека нашата градинка утре започнува со работа по период од долго отсуство од заедничко дружење, учење, воспитување и играње. Време е повторно да сме во Нашата градинка, која вратите ширум ги отвара за Вас и за нас како вработени. Во периодот кој измина превземени се сите неопходни мерки за безбедно згрижување и воспитание на децата, со строго утврдени протоколи, правила и подготвен колектив за непречено работење. Затоа Ве замолуваме да ги почитуваме протоколите, во интерес на здравјето, безбедноста и доброто за сите, во периодот кој ни следи.
Ви посакуваме едно големо ДОБРЕДОЈДОВТЕ, со многу љубов, грижа и внимание, Ве поздравуваме и Ве очекуваме, среќни, насмеани и ведри.
Со почит, ЈУОДГ ,,Орце Николов,, - Карпош