Јави се сега +389 23 072 016 info@gon.mk Сподели на Фејсбук

Програма

Воспитно-образовната работа  во воспитните групи од сите возрасти,  се  реализира согласно    Програма за рано учење и развој, донесена од страна на  Министерот за труд и социјална политика (Сл. весник бр. 46/2014 г.). 

              Согласно Програмата целокупната згрижувачка и воспитно-образовна работа што ја  организираме и реализираме со децата од 8 месеци до 6 години, има за цел да овозможи згрижување, престој, правилна нега, здрава и безбедна исхрана, воспитно - образовни, спортско - рекреативни, културно - забавни активности, мерки и активности за подобрување и зачувување на здравјето, како и  поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот и социјалниот развој на детската личност и развојот на раното учење  во најинтензивниот период од животот на детето, во раното детство.  

        Централно место во реализацијата на целокупната дејност во Градинката има ДЕТЕТО, на кое согласно Законот за Заштита на децата му обезбедуваме соодветна нега и заштита, безбедна, здрава и стимулативна средина и оптимални услови за учење, игра, за живот и правилен развој. Примарно внимание посветуваме на поттикнувањето на раното учење и раниот развој, во безбедна и сигурна околина за учење и развој, со примена на холистички пристап во работата со децата, почитување на детските права, заштита на децата од секаков вид на дискриминација и злоупотреба, почитување и негување на потребата од сопствено мислење и слободно изразување, формирање на навиките и зајакнување на детските вештини.