Јави се сега  +389 23 072 016  Сподели на Фејсбук 

Учиме за спортови - хокеј на мраз

Нашиот гостин, тренерот за деца Томислав Атанасовски од ХК „Вардар“ - Скопје ги запозна децата со спортот хокеј на мраз - еден од најдинамичните зимски спортови. На интересен начин го презентираше овој спорт пред децата, ги запозна со опремата, правилата на игра и неговата професија. Со воодушевување децата го впиваа секој негов збор и играа со палката и пакот.