Јави се сега  +389 23 072 016  Сподели на Фејсбук 

Театарска претстава “Мрзливата жена и метлата“

Во нашата градинка, традиционално во сите три објекти, секоја година се одржува Ден на бабите и дедовците. Оваа година,тие со своите внучиња имаа можност да ја проследат театарската претстава "Мрзливата жена и метлата", подготвена и реализирана од воспитниот тим и стручните соработници на матичниот објект Карпош 3. Бабите и дедовците, како и секогаш, ведри и вредни, подготвија и донесоа најразлични домашни специјалитети и во весела и пријатна атмосфера со многу хумор и смеа, сите среќни и задоволни го одбележавме овој настан.

Воедно голема благодарност и до Ј.У. “Детски културен центар“ - Карпош за соработката, кој го овозможи автентичниот изглед на воспитниот тим.