Јави се сега  +389 23 072 016  Сподели на Фејсбук 

Светски ден на лица со попреченост 2019

Дечињата од нашата градинка, Големата група (5-6 години), објект Карпош 3, го одбележаа Светскиот ден на лица со попреченост. Децата се ставија во улога на лицата со попреченост, ги облекоа нивните чевли и почуствуваа за миг во каква состојба се наоѓаат лицата со попреченост - оштетен вид. Научија дека им треба многу љубов и внимание, дека треба да ги прифатиме и да ги почитуваме. Се запознаа со сликовницата “Очилата на Ениса“, ги играа игрите "Препознај ме по глас“, “Волшебна кутија - тактилна перцепција“, “Движење по полигон со давање насоки“ како и “Цртање со затворени очи“.

“Како човечки суштества, нашата големина не лежи толку многу во можноста да го смениме светот - туку во можноста да се промениме себе си“ - Махатма Ганди