Јави се сега  +389 23 072 016  Сподели на Фејсбук 

Модуларна програма за учење 2019

Во градинката „Орце Николов“ започнува пилот проект „Модуларна програма за учење за пресметковно размислување преку игра“ во соработка со Едукативен центар „Скампер“ и Општина Карпош. Програмата придонесува за  развивање на самодовербата, толеранцијата и љубопитноста кај децата, креирање  на стимулативна средина и натпреварувачки дух како и развој на когнитивните вештини. Децата на возраст од три до шест години, преку игра и користење на посебен дидактички материјал ќе ги учат природните појави, годишните времиња и други области во рамки на наставната програма  за предучилишно образование. Овој метод на учење преку игра беше одобрен и од родителите кој беа информирани за придобивките на програмата преку интересна работилница.