Јави се сега  +389 23 072 016  Сподели на Фејсбук 

Ежето Боцко и неговите пријатели 2019

Во трите објекти на  нашата градинка се одржа интерактивна и музичко - едукативна претстава со наслов "Ежето Боцко и неговите пријатели", со која и воедно на интересен начин ја испративме есента. Претставата беше подготвена и изведена од воспитниот тим на градинката, објект Карпош 4 во соработка со стручниот тим, ликовниот педагог Анкица Влашиќ и музичкиот педагог Томе Диндев.