Јави се сега  +389 23 072 016  Сподели на Фејсбук 

Промоција на прирачници за воспитувачи 2019

Дел од стручниот тим и воспитувачи на градинката "Орце Николов" присуствуваше на промоција на "Прирачници за воспитувачи од детските градинки" која се одржа во градинката "13 Ноември" и истите беа промовирани од професори од Институтот за Педагогија и Психологија. Со практични примери на  креативни активности во некој од прирачниците, учествуваше и дел од воспитниот тим на нашата градинка. Еден од промоторите на прирачникот "Воспитувачот, логичкото мислење и когнитивната љубопитност кај децата“ беше и директорот на градинката "Орце Николов", Г-ѓа Надица Гировска. Прирачниците се наменети за воспитувачи, стручни работници и соработници во градинките со цел на поттикнување и развој на физичката компетентност, уметноста, креативноста, како и логичкото мислење и когнитивниот развој кај децата.