Јави се сега  +389 23 072 016  Сподели на Фејсбук 

Тајните на Вселената 2019

Вселената и планетите како една постојано инспиративна тема беа предизвик за многубројни прекрасни и креативни активности на децата од предучилишната возраст 5-6 години, организирани и осмислени од воспитувачот Суза Ангелевска. Сончевиот систем, ѕвездите, соѕвездијата, космонаутите и телескопот беа во фокус на интерес на децата а со едукативните активности им се овозможи интересна забава, стекнување на знаења за вселената како и развивање на детската фанатзијата.Со овие активности градинката "Орце Николов" учествуваше во Меѓународниот проект "Моја машта бира, да истражи тајне Свемира - Подгорица", во пресрет на одбележување на "Светската недела на Вселената ".