Јави се сега  +389 23 072 016  Сподели на Фејсбук 

Интерна обука 2019

Со цел подобрување и усовршување на воспитно - образовната работа на стручниот тим на градинката (стручни работници, соработници, воспитувачи и негователи) во нашата градинка се одржа интерна обука на тема "Соработката на установата за деца со родителите и локалната средина". Во фокус на обуката беше подобрување на компетенциите на воспитно - образовниот тим во однос на соработката со другите вработени и родителите на децата, односот кон децата, со цел на активно придонесување во развојот на децата во градинката.

Обуката беше реализирана од страна на КОУЧИНГ-Н, Проф. др. Константин Петковски и сите учесници на обуката добија Сертификат како и материјал поврзан со темата на обуката.