Јави се сега  +389 23 072 016  Сподели на Фејсбук 

5 Регионална конференција на директори 2019

Скопје е домаќин на  5 Регионална конференција на директори на основни, средни и предучилишни установи на Југоисточна Европа
од 28 -30 .10. 2019,  Република Северна Македонија
Директорите имаа можност да ги посетат следните образовни институции:
Средно училиште, Гимназија “Никола Карев”
Средно стручно училиште “Боро Петрушевски”
Основно Училиште “Киро Глигоров”
Предучилишна  Установа “Орце Николов”
Огромна чест и  задоволство е што нашата градинка ЈУОДГ “Орце Николов“-Карпош и директорката Надица Гировска беа  домаќини на една од посетите на  директори  од 22 државни и приватни градинки од соседните држави  Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенија, како и директорките од Скопје, Ангела Ангеловска Усовска “Мајски Цвет“- Карпош, Елена Устамитова „Буба Мара“-Аеродром и Маја Ристовска „Росица“- Ѓорче Петров.
На средбата се разминија мислења и искуства во однос на воспитно-образовната работа, начинот на менаџирање на градинките и договори за понатамошна соработка.