Јави се сега +389 23 072 016 info@gon.mk Сподели на Фејсбук

„Среќен Роденден“ книга за деца 2019

31.МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КНИГАТА 2019
ДЕТСКО КАТЧЕ НА ШТАНДОТ НА ЕДУКА МАК
13.05.2019 (понеделник) 11:00 часот
 
Децата од постара предучилишна возраст 5-6 години ( групата на  Наташа и Вале) од објект К-2 учествуваа на промиција на НОВА, ЛУКСУЗНО ОТПЕЧАТЕНА КНИГА ЗА ДЕЦА! 
 
Новата книга од авторката Ели Маказлиева која најчесто пишува за децата, но и за возрасните, носи наслов „СРЕЌЕН РОДЕНДЕН“ во издание на издавачката куќа ЕДУКА МАК, а илустрациите се на Игор Јовчевски.
 
Книгата со раскази „СРЕЌЕН РОДЕНДЕН“содржи дванесет раскази. За секој месец во годината по еден расказ и секако по една роденденска прослава.
Расказите содржат разновидни забавни факти за родендените, збогатени со фасцинантни илустрации како верни придружници на текстот .
Децата се родени во различен месец во годината, во различно годишно време, така што местото, декорацијата и организацијата на прославата зависат од временските прилики. На тој начин децата ќе ги следат месеците во годината и прогнозата за времето во секое годишно време или месец.
Во книгата главна поента е планирањето на родендените. На тој начин секое дете учи како да го планира и како да се вклучи во организирање на сопствената прослава и прекрасната интересна забава, стекнувајќи самодоверба.
Секој од ликовите во расказите сака да се дружи со своите другарчиња, што учествуваат во неверојатните заеднички доживувања. Така децата се воспитуваат за негување и развивање на другарството и дружењето со врсниците.
Во некои од расказите се протега воспитната порака за семејството и семејните вредности, бонтонот, екологијата и здравата храна.
Во оваа книга обработени се најпопуларните тематски родендени. Детето славеник си одбира тема и според таа тема е главен организатор на забавата. 
Во книгата се откриваат и игрите на децата за време на роденденските прослави, нивните желби, различните подароци, декорации на просторот во различно годишно време и на различни места. 
Уникатните доживувања на децата во текот на роденденските прослави имаат цел, пред сe, децата да ги расположат, понекогаш да ги насмеат и да ги одведат на многу роденденски патувања. 
 
Роденденот секогаш е посебен ден за секој, особено за децата. Родендените се емотивни настани. Подготовките, очекувањата, забавата и подароците ги исполнуваат децата со возбуда, а тие  сакаат да биде забавата најдобра.
Токму затоа оваа книга е најдобриот роденденски подарок за секое дете.
Книгата е луксузно спакувана, како ретко која книга кај нас а печатењето го реализира АРКУС ДИЗАЈН.
 
Книгата е достапна на штандот на издавачката куќа ЕДУКА МАК на Саемот на книгата.
 
За литературните компоненти на книгата  говореше рецензентот и промотор проф. д-р Кристина Николовска, а за воспитните вредности говореше рецензентот и промотор проф. д-р Анета Баракоска. 
Промоцијата  беше збогатена со настап на деца, со музички точки и изненадувања.