Јави се сега +389 23 072 016 info@gon.mk Сподели на Фејсбук

Светски ден на планетата Земја 2019

Во целиот свет денеска се одбележува Денот на планетата Земја. Со разни акции многу здруженија и организации ќе се обидат уште еднаш да упатат апел за важноста на чистата околина.

Децата од нашата градинка преку интерна приредба со стихотворби, песни и ритмички игри испратија порака до возрасните со цел да се  подигне нивото на свесност  за зачувување на животната средина.

За првпат, Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22 април 1970 година во САД, а од 1992 година и во целиот свет.