Јави се сега +389 23 072 016 info@gon.mk Сподели на Фејсбук

Интерна обука 2019

На ден 11.04.2019 година во детската градинка ЈУОДГ „Орце Николов“ во објект К 4 се одржа обука на воспитниот кадар  на тема:

"УЛОГАТА НА ВОСПИТУВАЧИТЕ И НЕГОВАТЕЛКИТЕ ОД ГРАДИНКАТА ВО ИЗГРАДУВАЊЕТО НА ЛИЧНОСТА НА ДЕТЕТО“

Предавањето беше реализирано од страна на КОУЧИНГ-Н, Проф. д-р Константин ПЕТКОВСКИ, збогатено со вежби и активности.

Обуката беше наменета за стручните работници, соработници, воспитувачите и негователките со цел подобрување на воспитно - образовната работа во градинката. Како најважен фактор за исполнување на задачите и целите на предучилишното воспитание и образование се наметнуваше: компетентноста на воспитувачите и негователките и нивното влијание врз децата и збогатувањето и развојот на детската личност во корелација со психофизичките карактеристики. Сите учесници на обуката добија Сертификат ,како и матерјал поврзан со темата на обуката. Покрај теориската презентација, примери и вежби, учесниците имаа прилика да споделуваат свои искуства поврзани со темата.