Јави се сега +389 23 072 016 info@gon.mk Сподели на Фејсбук

Учиме за отпадно масло 2019

УЧИМЕ ЗА ОТПАДНО МАСЛО - ОД ЕКО ЕДУКАЦИЈА ВО НАЈРАНА ВОЗРАСТ ДО ПРАКСА ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ

На 08.04.2019 во ЈУОДГ „Орце Николов“ - Скопје се одржаа нова едукативна работилница со децата за темата отпадно масло. Преку ликот на Петко тие учат како овој отпад треба да се собира и рециклира за да се креираат здрави еколошки навики и да се заштити животната средина, и зашто е важно да ја заштитиме околината во која живееме.

На еден интересен начин преку играта „Брза кујна“ децата научија практично како да постапуваме со отпадното масло.