Јави се сега  +389 23 072 016  Сподели на Фејсбук 

ДЕНОТ НА ШЕГАТА 1 АПРИЛ 2019

Општопознато е која е целта на Први април – среќа и смеење, така беше и во дворовите на градинката "Орце Николов" во Карпош во сите три објекти. Дворовите денес беа највеселото и најшареното место во општина Карпош. Денот на шегата Први април традиционално ги собра сите маскирани дечиња од градинката и првачињата од ООУ "Лазо Трповски", ООУ "Петар Поп Арсов" и ООУ „Вера Циривири Трена“. Многу принцези, мускетари, пеперутки, каубојци, индијанци прошетаа низ  сцената во дворовите и ја разубавија населбата со своите маски со ликовите од цртаните и приказните.