Јави се сега  +389 23 072 016  Сподели на Фејсбук 

Први април 2019

Општопознато е која е целта на Први април – среќа и смеење, така беше и во дворовите на градинката "Орце Николов" во Карпош во сите три објекти. Дворовите денес беа највеселото и најшареното место во општина Карпош. Денот на шегата Први април традиционално ги собра сите маскирани дечиња од градинката и првачињата од ООУ "Лазо Трповски", ООУ "Петар Поп Арсов" и ООУ „Вера Циривири Трена“. Многу принцези, мускетари, пеперутки, каубојци, индијанци прошетаа низ  сцената во дворовите и ја разубавија населбата со своите маски со ликовите од цртаните и приказните. 
На првоаприлското дружење беа присутни и волонтери на Црвениот крст на ОО Карпош кои спроведоа хуманитарна активност која предвидува цртање на дечињата по повод 1-ви април, со цел обезбедување на парични средства. Собраните парични средства ќе бидат наменети за подобрување на условите за 35 деца и млади со посебни потреби и специфични потешкотии во учењето, со кои се реализираат едукативно - забавни и рекреативни активности во просториите на Црвен крст Карпош.
На овој ден никој не треба да се лути на шегите и лагата без разлика дали се своја или на туѓа сметка. Денес се поминува само со едно "Априлили"