Јави се сега  +389 23 072 016  Сподели на Фејсбук 

Сонот за блескава насмевка 2019

Во пресрет на Светскиот ден на оралното здравје децата од постара предучилишна група 5-6 години од групите на воспитувачи Соња и Наташа (објект К-3) реализираа проект.
Проектот е претставен како мала едукативна претстава со наслов "Сонот за блескава насмевка“ и е одличен пример како децата преку игра и забава да ги чуваат и негуваат своите запчиња да бидат здрави.
Ваквите проекти се дел од заедничката програма за превенција на орални заболувања кај деца од 0 до 14 годишна возраст и ја изведуваат Превентивните тимови во состав на ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје и воспитниот кадар во градинките односно Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство.
20 март за првпат беше прогласен како Ден на оралното здравје во 2013 година од страна на Светската стоматолошка федерација. 
Проектот се одржа во просториите на ЈУОДГ „Орце Николов“ и го отвори Директорот на ЈУОДГ „Орце Николов“ Г-ѓа Надица Гировска 
Организатори на настанот беа:
- Превентивниот тим од Пол. Ѓорче Петров 
- Раководителот на Превентивна здравствена заштита Карпош Д-р Катерина Стаменковска
- Главна медицинска сестра Превентивна здравствена заштита Карпош Г-ѓа Силвана Миркоска
- Асс. Јаворка Стефановиќ Димоска
Присутни гости:
- Ген. Директор на Здравствен Дом Скопје Др. Злате Мехмедовиќ
- Општина Карпош - Сектор за дејности од јавен интерес
- Воспитен кадар, стручни работници и сораборници од сите три објекти на ЈУОДГ „Орце Николов“ .