Професија пекар 2019

Изучивме до сега многу професии, за некои од нив добивме помош и соработка од стручниот тим, а денес со децата се запознавме со уште една професија - ПЕКАР. Посетивме пекара во околината, миризбата внатре беше примамлива, па за сите дечиња имаше и вкусни, тазе гевречиња.