Јави се сега  +389 23 072 016  Сподели на Фејсбук 

Цртежи за Снежана Караџовска 2019

"Кога децата од градинката Орце Николов, Општина Карпош ќе ве пречекаат со раширени раце, чисти срца и слободни мисли имате чувство дека ќе се стопите од радост.
Ова се цртежите што ги направија за мене. Ме разнежнија со нивната љубопитност и желба да научат повеќе за лица како мене. Но воедно ме изненадија и од нивните паметни размислувања.
Ме радува дека директорката Надица Гировска со тимот воспитувачки но и со целиот колектив ги отворија вратите за мене. Среќна сум дека во нивната програма имаат место и за лицата со посебни потреби." - напиша Снежана Караџовска