Јави се сега  +389 23 072 016  Сподели на Фејсбук 

Родители учеа за детскиот развој 2018

На 23.11.2018 во просториите на нашата градинка ЈУОДГ „Орце Николов“ во објектот К-3 имеше панел дискусија со родителите од градинките: Орце Николов“, „Мајски Цвет“, „Пролет“ и „Распеана Младост“ на тема: 
-Како да влијаам позитивно на раниот развој кај моето дете?
-Што да направам за да не го пропуштам најважниот период од развојот на моето дете?
преку разговор и дискусија со стручни лица: психолог, дефектолог и логопед.
Како се одвива раниот детски развој кај децата до 5 години и кои се неговите фази, дискутираа психолозите и родителите на децата што ги посетуваат градинките во Општина Карпош. Родителите учеа како правилно да го стимулираат детето, како да го подготвуваат за училиште и што да очекуваат од него.
- Ваквите активности се значајни и за градинките и за родителите затоа што можеме да научиме нешто ново, да размениме искуства, да ги уочиме грижите на родителите и самите родители да разменат информации и да видат дека не се сами во процесот на одгледување на своето дете - изјави Надица Гировска, директорка на градинката „Орце Николов“.
Борјана Јанакиева-Заева, психолог и основач на здружението „Круг Про“, здружение за едукација и ран детски развој, вели дека ова е само првична дискусија.
- Свесни сме за важноста на раниот детски развој, за влијанието на родителите, но и на средината што ги опкружува децата, за факторите што поттикнувачки влијаат врз детскиот развој - рече Заева и додаде дека ќе се прават напори понатаму да се случуваат вакви и слични настани и во други градинки низ различни општини.