Јави се сега  +389 23 072 016  Сподели на Фејсбук 

Стручни обуки 2018

Стручни обуки за подобро воспитување во градинките
Во детската градинка „Орце Николов“ се одржа обука за ран детски развој и учење на темите „Како учат децата?“, „Развој на говор од 0-6 години“, како и на „Стимулативна средина за учење“. Оваа обука за професионален развој е наменета за воспитувачи, стручни соработници и стручни работници од оваа предучилишна установа. Темите кои се опфатија во оваа обука се од исклучително значење, и опфаќаат сензибилизирачки актуелни и современи педагошко-психолошки аспекти на воспитно-образовната работа со деца од предучилишна возраст. Обуката се одржа во автентична средина и пријатна атмосфера. Реализатори на обуката се: проф. Д-р Лена Дамовска, доктор на педагошки науки, проф. Д-р Ана Фрицханд, доктор по психолошки науки, како и проф. Д-р Елизабета Томевска- Илиевска, која е доктор по педагошки науки, и Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики „ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ“, Скопје.