Јави се сега  +389 23 072 016  Сподели на Фејсбук 

Од дете за дете

Хуманитарно-едукативниот проект: „Од дете за дете“ има за цел обезбедување облека, подароци како и друга детска опрема која ќе биде наменета за болните дечиња сместени во болниците и установите низ Републиката, децата од ранливите категории и децата без родители и родителска грижа. Проектот е хуманитарна акција, од децата за децата преку која уште од најмала возраст ги учиме најмалите на хуманост и солидарност. Проектот има за цел да ги научи децата да бидат солидарни, да научат да помагаат, да разберат колку е важно пријателството и посветувањето внимание на лицата во социјален ризик, сочуство со оние на кои им е потребна подршка, да научат да ги почитуваат потребите на другите.